Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГраѓаните со интернет петиција бараат полиција за животни

Граѓаните со интернет петиција бараат полиција за животни

Итно формирање на полиција за животни на ниво на Република Македонија бараат група граѓани со интернет петиција. По последните брутални труења на кучиња, кои кулминираа со убиството на кучето Идриз, тие се револтирани поради тоа што до сега органите на прогонот потфрлиле при санкционирање на одговорните лица. До сега петицијата ја потпишале околу 400 лица, а целта се 1000 потписи.

„Потпишете за заедно да успееме да ја поттикнеме државата да преземе конкретни чекори за обучување на лица кои би биле во служба на благосостојбата и на бездомните животни и на оние домашните за кои сопствениците не знаат да се грижат или намерно ги повредуваат. Да се бориме до крај! Имаат еднакво право на заштита како и сите живи суштества на планетата. Ви благодариме“ – пишува во повикот.

За сега непознато е кој стои зад петицијата, ниту која е целта на собраните 1000 потписи, како и дали освен на интернет, потписи ќе се собираат и низ градовите во земјава.

Интернет петицијата можете да ја погледнете овде