Saturday, May 4, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЈувентус веќе знае, само тројца играчи во конкуренција да го заменат Погба

Јувентус веќе знае, само тројца играчи во конкуренција да го заменат Погба

Алегри не сакаше да го коментира заминувањето на Погба, но италијанските меидуми пренесуваат дека клубот веќе обезбедил замени, а сега на ред тренерот да одлучи! Наводно, основното прашање е дали да се донесат еден или двајца везни фудбалери. Тоа зависи од закрепнувањето на Маркизио, но тој веќе започнал да работи и некаде околу октомври би требало да биде подгтовен за настапи.

Алегри се плаши и од честите повреди на Кедира, а сега на располагање покрај Германецот ги има и Пјаниќ, Асамоа, Лемина и Стураро. Лемина има понуда од Шалке д 23 милиони евра, па клубот сега размислува дали да го продаде и да донесе двајца нови везисти, или да му даде шанса на Африканецот кој го откупија од Марсеј. Во клубот и понатаму е Ернанеш кој преговара со Бенфика и Валенсија и се очекува да замине.

Јувентус има договор со Витсел, тоа е јавна тајна, но Зенит не попушта сака 30 милиони колку им понуди Евертон. Јувентус не сака да ја плати споменатата сума, сметаат дека желбата на фудбалерот ќе биде пресуден фактор и дека ќе можат да го добијат за помалку пари, околу 22 милиони со бонуси. Но италијанските медиуми сепак пренесуваат дека прва мета и понатаму е Матуиди.

На тој план работи Мино Рајола, тој чека одговор од Париз, цената е 30 милиони евра, но работата би можела да биде готова и за помалку пари. Французинот ја договорил годишната плата со Јуве и доколку клубовите пронајдат заеднички јазик договорот наскоро би можел да биде официјализиран.

Резервна опција е Луис Густаво од Волфзбург, но Германците го бараат и Заза. Италијанскиот напаѓач не сака да ја наоушти Серија А, па трапмата е малку веројатна.