Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНервозен возач згазил полицаец, па тепал негов колега пред стадион

Нервозен возач згазил полицаец, па тепал негов колега пред стадион

Вчера во 21,00 часот во Скопје на ул.„Аминта 3-ти“, при регулирање на сообраќај приправникот за полицискки службеник Б.Ј. бил удрен од ПМВ чиј возач Ф.П (1987) не постапил по дадените насоки. Инцидентот се случил во близина на градскиот стадион додека се играше натпреварот Македонија-Шпанија и беше воведен посебен сообраќаен режим во овој реон.

По ударот со автомобилот, нервозниот возач излегол и го удрил со бокс во лицето полицаецот М.М. Напаѓачот е приведен, а на полициските службеници им е укажана медицинска помош во ургентниот центар во Скопје.