Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЈувентус го откупи Квадрадо!

Јувентус го откупи Квадрадо!

Добрите игри на Хуан Квадрадо во дресот на Јувентус придонесоа за “старата дама” да го откупи договорот на колумбиецот од Челзи за сума од 20 милиони евра!

Квадрадо беше на позајмица во Јувентус од Челзи последните две сезони, освои две титули во лигата и две купа, ќе игра и во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Во Торино се задоволни со неговите партии, што беше добра препорака Јувентус да го откупи овој 28-годишен крилен фудбалер од Челзи.

Колумбиецот одигра повеќе од 70 настапи за “црно-белите“ и постигна 7 гола, а договор потпиша за наредните три години. Квадрадо пристигна во Челзи во 2015 година од Фиорентина за трансфер во вредност од 24 милиони евра.