Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЈугохром под клуч – Министерството за животна средина нема повеќе трпение

Југохром под клуч – Министерството за животна средина нема повеќе трпение

Министерот за животна средина Нурхан Изаири одлучи дека Југохром треба да биде затворен бидејќи не се исполнети барањата за намалување на загадувањето.

izairi

„За жал, веќе се поминати два пати по шест месеци, а тие имат изработено нешто на хартија, но на терен ништо. Нашите инспекциски служби кои извршиле увид на терен констатирале дека компанијата нешто започнала околу одобрението и проектот за изградба, кажале дека имаат некои договори за изведбени работи, но на терен ништо не се одвива, ниту еден градежен зафат. Нашиот став е дека ваквите компании кои се несериозни и не ги почитуваат законите треба да се затворат се додека не ги исполнат условите“ -изјави министерот Изаири пред новинарите.

Југохром требаше да монтира филтри но, од компанијата не се испочитувани стандардите за добивање на еколошка дозвола и затоа ќе биде поднесен предлог до Владата на Република Македонија за нејзино затворање.