Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКако младите се справуваат со климатските промени користејќи иновативни технологии?

Како младите се справуваат со климатските промени користејќи иновативни технологии?

Најголемата Европска мрежа за иновации во полето на климата им нуди на младите шанса да развијат бизнис идеи за борба со климатските промени. Прашањето е дали бизнис пристапот може на идните генерации да им понуди решенија за справување со климатските промени?

Претприемништвото од областа на климата е една од брзорастечките гранки во современиот бизнис. Предвидувањата дека глобалната популација ќе достигне 11 билиони до 2100 година, како и дека порастот на глобалните температури веќе надминува 1°C над температурите во пред- индустриското доба, ги прават еколошките и климатските проблеми дел од нашиот секојдневен живот. Од Камерун до Тајланд и од САД до Австралија, населението се соочува со ектремни временски услови, недостатоци на храна и вода, потешкотии со управувањето на отпад, урбанизација и пренаселеност.

„Науката за климатските промени е неспорна, меѓутоа одалеченоста на оваа проблематика од нашето секојдневие им ја отежнува работата на граѓанските организации да ги мобилизираат граѓаните околу климатските промени“ – вели Ебрахим Мохамед, директор за едукација во Заедницата за климатски знаења и иновации.

Животот во време полно со еколошки предизвици е мотивациски стимул за промени и иновации безбедни за климата. За младите луѓе во нашите општества, чистата животна средина е важна, исто како и нормалната клима. Промената е предвидена, очекувана и токму поради растечката свест на модерната младина се негуваат алтернативи кои се поволни за климата. Во потрага по одржливи решенија за секојдневните проблеми, Climate-Kic, најголемата јавно-приватна мрежа за иновации во Европа, ги подржува младите во нови идеи кои ќе го предизвикаат и променат начинот на кој конзумираме, користиме транспорт, и живееме.

Ова лето, седум групи од 40 млади луѓе од цела Европа, од многу различни средини и интереси, беа собрани заедно на едно место да учествуваат во најголемиот настан за климатска акција на континентот: летната школа на Climate-KIC. Во текот на 5 недели овие групи на малди добиваат интензивни тренинзи од експерти по бизнис и иновации и патуваат низ различни градови во Европа кои се лидери во иновации со цел да се запознаат со нови одржливи практики. На пример, една група патува од овошните насади во Болоња, Италија до центарот за бизнис иновации во Минхен, Германија, за да го заврши своето патување во Хелсинки, Финска, каде пред жири од претприемачи и бизнисмени го презентираат проектот кој го развиле за време на нивното патување. Шесте други групи го следат истиот пример и патуваат низ различни градови во Европа додека ја развиваат својата иновативна идеја во конкретен бизнис- план.

Ова е 7ма година по ред да се случуваат овие Патувања на иновации од страна на Climate-KIC. Тие имаат за цел да создадат растечка заедница за знаења и иновации. По завршувањето на проектот, групите со најуспешните иновации го започнуваат старт ап акцелераторот, каде нивната идеја се култивира во комерцијално одржлив старт ап кој се занимава со спречување на климатските промени. Climate-KIC досега има „израснато“ 300 од овие првични замисли во старт ап бизниси. Помеѓу успешните приказни на Climate-KIC се Aponix, компанија која произведува единици за микро-земјоделци, Aeropowder, иницијатива која го претвара отпадот од живински перја во одржливи адитиви, и Ecoligo, платформа за финансирање на соларни проекти во земјите во развој.

„Концептот за Climate-KIC се заснова на идејата дека секој може да придонесе кон создавање на потребната трансформација кон декарбонизирана и поодржлива верзија“- вели Џулија Ролинс, која го предводи делот за едукации во Climate-KIC. „Веќе имаме толку многу позитивни приказни за иницијативи кои предизвикуваат позитивни промени и тие навистина заслужуваат да бидат покажани. Денес постои огромна потреба за позитивни приказни. А ние правиме многу повеќе од создавање прагматични решенија за проблемите на денешницата, ние се обидуваме да ја фатиме имагинацијата за како сакаме да ни изгледа иднината и кои се следните чекори кои мораме да ги превземеме за да стигнеме таму.“

Традиционално постои циклус на внимание за проблемите од кога за прв пат ќе влезат во човековата свест. Ентони Даунс уште во 1972 оваа формулација ја објасни како процес во пет чекори кој може да трае неколку дена или месеци и години. Ја вклучува реакцијата на јавноста од владини одлуки, евентуалната промена од разбирање на проблемот и наоѓање трајни структури кои ќе продолжат да промовираат решенија долго откако проблемот ги поминал раните подраматични фази на циклусот. Од 1970 климатските промени започнуваат да стануваат еден од посериозните проблеми на глобалната агенда.

Токму затоа, охрабрувачки е потегот на поврзување на свеста за климата со бизнис иновации и развој, каде тие во иднина би можеле пораснат во трајна структура во приватните, политичките и бизнис гранките. За младите на денешницата, идејата за климатски промени не е толку далечна, меѓутоа станува реалност за која се потешко се наоѓа решение, меѓутоа Climate-KIC се дораснати на задачата.

Автор на текстот е Артур Винс