Tuesday, Dec 3, 2019
HomeДЕНЕШНАЕкономијаИзвршителка од Штип фатена во три измами – одземала цели имоти иако граѓаните не должеле толку

Извршителка од Штип фатена во три измами – одземала цели имоти иако граѓаните не должеле толку

izvrsitel

Извршителка во Штип се обидела преку измама да изнуди пари. Кривична пријава е поднесена против извршителката од Штип која ставила на продажба недвижен имот со вредност од околу 106 илјади евра, а вредноста на извршувањето иснесувало околу 40 илјади евра. Извршителката е осомничена дека го игнорирала Договорот за закуп на еден дел од недвижниот имот заверен со нотарски акт.

МВР информира дека СВР Куманово поднеле кривична пријава против В.К. (43) од Штип, извршител на подрачје на Основен суд Куманово, Крива Паланка и Кратово со седиште во Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Полицијата утврдила дека пријавената во повеќе наврати ја злоупотребила својата службена положба. Таа при спроведување на извршувањето, постапувајки по извршен предмет во две спротивни постапки за продажба на недвижен имот – деловни простории, две ниви и градежно изградено земјиште со вкупна вредност од 6.525.533 денари, иако вредноста на извршувањето изнесувала 2.456.000 денари, пријавената го ставила на продажба целиот имот. На овој начин го игнорирала Договорот за закуп на еден дел од недвижниот имот заверен со нотарски акт, кој должникот, како сопственик на целиот недвижен имот, го дал под закуп во период од шест години на правно лице од село Слупчане.

При спроведување на извршувањето пријавената, вели полицијата, постапила спротивно на одредбите, односно не ги доставила списите од извршниот предмет до должникот, кој бил на привремена работа во странство, до плодоуживателот во постапката и до ополномоштениот адвокат. Во двете спроведени постапки на извршување заклучокот го објавила во дневен печат, а не во Службен весник, со цел должникот да не биде запознаен со постапката.