Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаИзвршена кражба на свети мошти од црква во Битола

Извршена кражба на свети мошти од црква во Битола

Н.Д.Ч.(39) од Битола на 18.мај околу 9.20 часот, во битолската полиција пријавил дека во временскиот период од 11 до 18 мај непознат сторител извршил кражба од црквата „Св.Наум” која се наоѓа на ул.„Христо Христов”.

Крадецот украл антимис со свети мошти од непроценлива вредност. Полицијата ги презема сите мерки за пронаоѓање на сторителот.