Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеИзменет сообраќаен режим на дел од "Трета македонска бригада"

Изменет сообраќаен режим на дел од "Трета македонска бригада"

Според она што доаѓа како информација од Град Скопје, привремениот сообраќен режим се воведува поради прекопи за поставување подземни инсталации кои ќе се изведуваат на дел од улицата “Трета македонска бригада”, на потегот од крстосницата со улицата “Васко Карангелевски” до улицата “Никола Карев”.

На коловозот ќе биде поставена соодветна патна сигнализација.

Градските власти апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.