Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАСветИзлета автобус од автопат во Кина, загинаа 26 лица

Излета автобус од автопат во Кина, загинаа 26 лица

Околу 26 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кина кога автобус излетал од автопатот во амбис заради избушена гума.
Несреќата се случила доцна синоќа, а четири лица од вкупно 30 во автобусот биле пронајдени живи.
Несреќата ја преживеале контролорот на билети, вториот возач и двајца патници. Кинеската агенција Ксинхуа објави дека автобусот ја пробил заштитната ограда на автопатот Тјанѓин-Џисјан, на околу 80 километри од Пекинг.