Friday, Oct 20, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаИзгласани новите министри за преодна влада

Изгласани новите министри за преодна влада

Изгласани новите министри за преодна влада. Собранието на Република Македонија на денешната седница ги избра Оливер Спасовски за министер за внатрешни работи, Фросина Ташевска Ременски за министер за труд и социјална политика и Марта Арсовска – Томовска за министер информатичко општество и администрација.

За Спасовски и Ташевска Ременски гласаа 101 пратеник, воздржани и против немаше, додека за Арсовска – Томовска 71 пратеник гласаа „за“, а 31 беа против.

Собранието претходно ги констатира оставките на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика Митко Чавков и Диме Спасов, на министерот без ресор Висар Фида и на заменик министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска – Томовска.

Новоизбраните министри дадоа свечена изјава пред парламентот дека одговорно ќе ја вршат функцијата и дека ќе го почитуваат Уставот на Република Македонија.