Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМВР во неделата издале вкупно 3,673 потврди за мигранти

МВР во неделата издале вкупно 3,673 потврди за мигранти

Продолжува мигрантскиот бран во Македонија, но овој пат во нешто намален интензитет. Во текот на вчерашниот неделен ден МВР соопштува дека биле издадени потврди за влез во земјата на вкупно 3,673 лица кои искажале намера за барање на остварување на правото на азил. Од вкупната статистика на Mинистерството за внатрешни, дури 243 деца кои побарале потврда патуваат без придружба на родител.

Според земјата на потекло, пак, најбројни се лицата од Сирија-2,175, потоа лицата од Авганистан-788, државјани на Ирак-428 додека другите се изразени во помал број.

Од почетокот на мигранстаката криза, односно во периодот од 19-ти Јуни до 9-ти Ноември, издадени се потврди на вкупно 224,911 странски државјани, од кои дури 11,393 биле деца без придружба на родител. Според земјата на потекло, секако, најбројни се државјаните на Сирија со нешто над 140.000 издадени потврди, потоа Авганистан над 45.000, Ирак над 17.000, а листата продолжува со повеќе или помалку звучни имиња на држави од Блискиот Исток, бројки кои се помали од 5,000 издадени потврди.

Одделението за азил, од почетокот со издавање на потврди до 08.11.2015, примило 70 барања за признавање на правото на азил врз основа на претходно издадената потврда, при што повторно најбројни биле Сиријците со 51 барање.

Во Ј.У Прифатен центар за барателите на азил, пак, во дневниот регистар на баратели за 8-ми Ноември евидентирани се вкупно тројца баратели на азил, сите од машки пол. Понатаму, согласно членот 48 од Законот за азил и привремена заштита, тројца баратели на азил биле згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјала.

Бранот мигранти имаше своја стагнација во врнежливиот и студен период, но со зголемувањето на дневните температури бројките повторно растат. Додека, како што веќе објавивме, УНЕСКО ги пребројува парите добиени од ЕУ за справување и менаџирање на мигрантската криза, на Македонија и останува сама да се справува со бранот бегалци и мигранти кои пристигнуваат секој ден во Гевгелија и околината. Во однос на најавите дека Македонија ќе треба да прими 2.000 лица на привремен престој во државата, сеуште нема конкретна информација дали и кога тоа ќе почне да се спроведува.


Н.С