Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов уште ги чека барањата на лицата за кои не е поништена аболицијата

Иванов уште ги чека барањата на лицата за кои не е поништена аболицијата

Сите кои сакаат повлекување на аболицијата да поднесат официјално барање, повика денеска Претседателот Иванов од Софија, каде што учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

-„Очекувам сите тие кои не се политичари а се дел од таа листа, согласно роковите во законот да ги поднесат своите барања и да им се овозможи тоа што го бараат, да им се повлече помилувањето.“ – изјави Иванов.

За Претседателот целиот процес на аболиција нема ништо во спротивност со Уставот и законите.

-„Јас им понудив на лидерите решение за кризата. Да има помирување и за сите предмети за лица и од власта и од опозицијата да се забрза постапката што е овозможено и со Уставот и со законите. Нема ништо противуставно и противзаконско во тоа“, изјави Иванов.