Friday, Dec 6, 2019
HomeДЕНЕШНАПолитикаЏафери ќе ја следи процедурата ако добие барање за одземање на имунитетот на пратеници

Џафери ќе ја следи процедурата ако добие барање за одземање на имунитетот на пратеници

talat vlada

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, соопшти дека засега нема добиено барање за одземање имунитет на пратеници кои денеска беа уапсени поради насилствата во Собранието од 27 април. Тој рече дека ако добие такво барање, ќе го препрати до надлежната собраниска комисија.

– Доколку до мене биде доставено барање од соодветна надлежна институција од судската власт, јас не можам да избирам меѓу тоа дали ќе постапувам или не, затоа што како претседател на Собранието мора веднаш да ја препратам до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, која е надлежна да расправа за барањето – рече Џафери.

Според процедурата, донесената одлука Комисијата ја враќа до претседателот на Собранието, кој потоа свикува седница на која ќе се расправа по барањето на судот.

– Во контекст на процедурите што се пропишани со Устав и со деловникот за работа на Собранието, сметам дека има дилеми во однос на почитувањето или непочитувањето докрај на соодветната процедура во врска со одредбите од член 64 од Уставот, каде е стриктно прецизирано дека пратеник не може да се лиши од слобода без одобрение на Собранието. Оваа одредба потоа ја прецизира деловникот во деловите од членот 53 до 59, во сите аспекти на спроведувањето на таа одлука на Обвинителството. Во тој контекст сметам дека не се докрај испочитувани процедурите – рече Џафери.