Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов со критики го пречека амбасадорот Жбогар

Иванов со критики го пречека амбасадорот Жбогар

Претседателот Иванов ги прими акредитивните писма на новиот европски амбасадор Самуел Жбогар, но притоа му укажа на некоректниот однос на ЕУ кон Македонија во деловите за справување на бегалската криза од која произлегуваат безбедносни ризици, како и за блокадата во интегративните процеси иако е добиена пресудата во Хаг против Грција.

Жбогар пак, порача дека Македонија треба што побрза да ја надмние политичката криза, целосно да го спроведе договорот од Пржино и да воведе суштини реформи кои ќе ја доближат земјата до европските вредности, а со тоа и ќе се забрза интегративниот процес во Брисел.

Жбогар доаѓа на местото на Аиво Орав кој беше директно инволвиран во пржинскиот процес на преговори, а за своите заложби добиваше чести критики дека е наклонет кон опозицијата. Затоа се очекува Жбогар да наметне од старт поголем дистанца, но нема да се откаже од целосна имплементација на „Пржино“ бидејќи ЕУ е гарант на договорот.