Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов: Некои од амбасадорите ги пречекорија своите овластувања

Иванов: Некои од амбасадорите ги пречекорија своите овластувања

 

Денеска, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов имаше интервју со уредници на повеќето медиуми во Република Македонија.

Иванов истакна дека некои амбасадори ги пречекорија своите овластувања кои постојат во Виенската конвенција за дипломатија.

„Не сакаме да влегуваме во конфликт со земјите од каде што доаѓаат, но јас и во традиционалното годишно обраќање пред дипломатскиот кор им кажав, да внимаваат тоа што го работат да не биде погрешно сфатено“ – кажа претседателот на Република Македонија.

Иванов кажа и дека амбасадорите доаѓаат и си одат, а проблемите во нашата држава остануваат, и остануваат навиките и преседаните да можат и други да ги користат. Тоа можеби го правеле во време кога не сме имале своја држава, свои партии, свои институции и свој Устав. Но, тоа денес е недозволиво.

Претседателот изјави дека никој до сега не успеал да го притисне, ниту да го скрши и уцени. „Влегов во ова со чист образ и со чист образ сакам да излезам, кажа Иванов“.

Уредниците го прашаа претседателот и за тоа кој стои позади СЈО, Иванов одговори дека посакува да стои Пржинскиот договор, лидерите и меѓународната заедница.

„Тоа го посакувам. А кој вистински стои тоа треба да си го кажат тие кои функционираат надвор од Пржинскиот договор, надвор од согласноста на лидерите и меѓународната заедница. Времето ќе покаже. Ништо во Македонија не останало тајна, кажа Иванов.

Исто така Ѓорге Иванов кажа и дека со самото тоа што одредени субјекти не сакаат да се одржат изборите се руши Пржинскиот договор.

„Сте презеле обврска, мора да ја исполните. Сум положил свечена изјава дека ќе го штитам Уставот и законите, ќе продолжам тоа да го правам. Што ми е дадено во уставот и законите јас ќе го користам, за добро на држава и на сите што живееме во Македонија“, се изјасни претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.