Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов има родителски обврски во Турција, гаранциите за унитарноста ќе почекаат

Иванов има родителски обврски во Турција, гаранциите за унитарноста ќе почекаат

Додека Зоран Заев ја искажа подготвеноста да се сретне со претседателот на Република Македонија и да му ги даде потребните уверувања дека нема намера да ја менува унитарноста на државата, Иванов најверојатно приватно ќе отпатува во Турција, неофицијално дознава Сакам да кажам. Официјална изјава од кабинетиот на шефот на државата нема.

Но, Иванов, велат извори блиски до неговиот кабинет, не би требало да го испушти рокот од десетте дена за одлука за доделувањето на мандат на Заев, бидејќи од Турција се враќа во недела.

„Се работи за претходно планирана приватна посета, бидејќи претседателот како родител е поканет на настан поврзан со активностите на неговиот син Иван, кој ќе се случува на универзитетот во Турција каде што студира“, велат изворите за sdk.mk.

Заев на евентуална средба со Иванов би отишол сам бидејќи Ахмети сигурно нема да се појави во неговиот кабинет, но не значи дека за гаранциите нема да добие поддршка и од албанските коалициски партнери бидејќи сите јавно кажаа дека немаат никаква намера да ја рушат унитарноста на Македонија, туку се залагаат за еднаквост на сите граѓани.