Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов демантира дека сакал да прогласи воена или вонредна состојба

Иванов демантира дека сакал да прогласи воена или вонредна состојба

Иванов се јави со реакција за тврдењата дека е дел од насилието во Собранието, со планот тој после се да прогласи вонредна сотојба. Тој реагираше преку соопштение од својот кабинет.

„ Во јавноста постои опсесија со лажни вести да се изврши делегитимирање на институциите, односно на Претседателот на Република Македонија“, се вели во реакцијата на Кабинетот на Претседателот.

Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов го повика министерот за внатрешни работи Агим Нухиу да ги појасни ставовите во интервјуто за Алсат-М телевизија за постоење на сценарио кое би послужило како повод за прогласување на воена или вонредна состојба од страна на претседателот и употреба на АРМ, поврзани со насилниот влез во Собранието на 27 април, 2017.
Нухиу во интервју за телевизијата, посочи на наводен план за употреба на Армијата за време на случувањата во Собранието на 27 април.