Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИтен состанок на ДУИ во Мала Речица за деблокирање на Собранието

Итен состанок на ДУИ во Мала Речица за деблокирање на Собранието

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во обид да се најде излез од блокадата во Собранието денеска свикал итен седница на Централното претседателство. Сепак, како што соопшти шефот на кабинетот на Ахмети, пратеникот Артан Груби, претседателското ќе расправа и за однесувањето на Движењето БЕСА.

Груби вели дека на дневен ред е однесувањето на неформалната опозициска коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА. Тој изјави дека Беса ги повлекла потписите кои му ги достави на СДСМ за барање мандат, откако одлучиле да не го поддржат предлогот на СДСМ и ДУИ претседател на Собранието да биде Талат Џафери.