Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветИсториски сослушувања за избор на нов генерален секретар на ОН – Вук Јеремиќ се вклучи во трката

Историски сослушувања за избор на нов генерален секретар на ОН – Вук Јеремиќ се вклучи во трката

Српската Влада по долго премислување вчера официјално го предложи поранешниот шеф на српската дипломатија и поранешен претседавач со Генералното собрание на ОН, Вук Јеремиќ, за кандидат на Србија за генерален секретар на Светската организација.

Во првата реакција, Јеремиќ изјави дека за него е „голема чест да ја претставува својата земја на толку важен натпревар“ како што е изборот за главен секретар на ОН. Јеремиќ за Б92 објасни дека засега не познато дали ќе му биде овозможено да ја претстави својата кандидатура, бидејќи претставувањето на останатите кандидатите во ОН започна од вчера.

Обединетите нации започнаа историски сослушувања во обидот да се избере нов генерален секретар на Светската организација. За прв пат на земјите членки им е дадена можност да ги испрашуваат кандидатите за разни области. Прв од осумтемина кандидати беше шефот на црногорската дипломатија Игор Лукшиќ. Според повелбата на ОН, генералниот секретар се избира од 193 земји членки во Генералното собрание, а по препорака од Советот за безбедност. На актуелниот, Бан Ки Мун кон крајот на годинава му истекува вториот петгодишен мандат.

Покрај Јеремиќ, во трката за наследник на Бан Ки-мун, засега, се и поранешниот шеф на македонската дипломатија Срѓан Керим, директорката на УНЕСКО, Бугарката Ирина Бокова, екс-претседателите на Литванија и на Словенија, Делија Грибаускаите и Данило Турк, поранешните премиери на Нов Зеланд и Португалија, Хелен Кларк у Антонио Гутереш и донеодамнешните министри за надворешни работи на Хрватска и Црна Гора, Весна Пусиќ и Игор Лукшиќ. Се очекува новиот генерален секретар на ОН да биде избран во септември.