Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДипломатски дилентантизам е повлекувањето на дипломатите од Скопје, смета Јеремиќ

Дипломатски дилентантизам е повлекувањето на дипломатите од Скопје, смета Јеремиќ

Поранешниот шеф на српската дипломатија преку социјалната мрежа „Твитер“ го нарече дилетизам и шарлтанство одлуката на Белград да го повлече целокупниот персонал на амбасадата во Скопје.

„Што и да се случило во Скопје, повлекувањето на целокупниот персонал на амбасадата е дипломатски дилетантизам и шарлатанство, својствено за банана држави“, напиша на „Твитер“ Јеремиќ, кој е актуелен претседател на Центарот за меѓународна соработка и одржлив развој и поранешен претседател на Генералното собрание на Обединетите нации.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска соопшти дека одлуката за повлекување следела по многуте докази за постоење офанзивна разузнавачка активност во Македонија против органите и институциите на Србија“.