Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАСветИсламската држава тврди дека го срушила авионот на владата на Сирија

Исламската држава тврди дека го срушила авионот на владата на Сирија

Исламската држава соопшти дека го срушила авионот на владата на Сирија во источната провинција Деир ел Зур и дека пилотот на тој авион го загубил животот. Агенцијата „Амак“, блиска до Исламската држава, објави и видео снимка на кое се прикажува дел од срушен авион во пламен и тело на пилот обесено на бандера.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија исто така ја пренесе веста дека Исламската држава срушила авион во близина на воениот аеродром во Деир ел Зур, кој го контролираат владините сили. Опсерваторијата исто така ја потврди информацијата и за смртта на пилотот.

За сега не е познато кога бил срушен овој авион. Исламската држава го контролира Деир ел Зур, како и деловите на истоимениот главен град на таа провинција, која се наоѓа во близина на аеродром.