Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветИСИС уништи цела воена база на Русија со моќни хеликоптери

ИСИС уништи цела воена база на Русија со моќни хеликоптери

ИСИС шири пропаганда дека успеале да уништат воена воздушна база на Русија во близина на Хомс, а најголема штета претрпеле четири моќни борбени хеликоптери кои се распарчени од силна експлозија, заедно со уште дваесетина камиони со ракети и муниција.

siria-russia-airbase-isis

Руското министерство за одбрана побрза да ги негира сите наводи на џихадистите на ИСИС велејќи дека хеликоптерите не се оштетени и дека не се случил никаков напад, туку дека најверојатно дошло до несреќна експлозија.

siria-russia-airbase-isis-2

Од сателитските снимки може да се забележат повеќе точки на ширење на огнот што укажува на координиран напад, но многумина се сомневаат дека ИСИС не се доволни моќни за да изведат ваква акција со која би уништиле цела воена ескадрила на Русија.