Saturday, Apr 27, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосИндиската сонда со импресивни слики од кањоните на Марс

Индиската сонда со импресивни слики од кањоните на Марс

Индија токму пред прославата на денот на независнот има за што да се гордее бидејќи нивната вселенска агенција успеа да ги фати првите слики направени од кањонот Офир Часма кои се претставени и во 3D за подобар визуелен впечаток.

mars kanjon2

Офир Часма кањонот е долг 317 километри, широк 62 километри и има огромен број на слоеви со различни седименти кои допрва ќе се истражуваат. Ова е само почетен чекор во амбициите на Индија за „освојување“ на Марс каде човечка нога треба да стапне во 2025 година.

Индиската агенција за вселенски истражувања успеаа за само 76 милиони долари да стигне до Марс и тоа во својот прв обид, што е исклучителен пример за останатите нации. За споредба НАСА за набљудување на Марс потроши 700 милиони долари.