Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаИлегални мигранти од Иран откриени кај Неготино

Илегални мигранти од Иран откриени кај Неготино

12 нелегални мигранти од Иран се откриени на вчера околу 13 часот на автопатот на клучката кај Неготино. Полицијата го сопрела возилото „Фолксваген Шаран“ со скопски регистарски таблички вчера околу 13 часот и ги открила нелегалните патници, додека возачот се дал во бегство.

Како што соопшти МВР, мигрантите се пренесени во полициската станица Неготино и ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци, а по возачот на возилото се трага откако тој и покрај предупредувањето на полицијата, избегал. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.