Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалИбрахимовиќ го напушта ПСЖ – можно е повторно враќање во Милан

Ибрахимовиќ го напушта ПСЖ – можно е повторно враќање во Милан

Италијанските спортски медиуми секојдневно ги следат случувањата со шведскиот репрезентативец Златан Ибрахимовиќ. Имено, напаѓачот наводно склучил договор со сопствениците на ПСЖ за неговото заминување од клубот ова лето и негово повторно враќање во Милано.

Од неофицијални извори се тврди дека Ибрахимовиќ ќе потпише тригодишен договор вреден 7,5 милиони евра по сезона. Со ова, тој повторно ќе се здобие со титулата најплатен играч во Серија А.

Со менувањето на сопствениците во Милан и милиони на располагање, повеќе од јасно е дека италијанскиот клуб е во можност да направи преродба на тимот и да донесе новизасилувања, вклучувајќи го и Ибра кој би бил одлична алтернатива во напаѓачката линија.