Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветИ Ердоган со кампања за трето дете?

И Ердоган со кампања за трето дете?

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера побара од Турчинките да имаат најмалку три деца, оценувајќи дека животот на жената е неисполнет доколку нема потомци.

Станува збор за уште една од низата контроверзни изјави на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган со кои сака да го зголеми бројот на населението во земјата, кое и онака е во голем пораст последните години, а критичарите му забележуваат дека ги навредува правата на жените и истапува од исламистички позиции.

Според официјалната статистика во 2015 година, во Турција се регистрирани 79 милиони жители, наспроти 69 милиони во 2000 година. Ердоган нагласи дека е горлив поборник на работата на жените, која не треба да преставува препрека за раѓање деца.

„Да се отфрли мајчинството претставува отфрлање на човештвото“, рече во говорот во текот на инаугурацијата на новото седиште на Здружението на турските жени и демократија KADEM. „Би препорачал најмалку три деца“, истакна Ердоган.

Ердоган има четири деца, две ќерки и два сина. Минатиот понеделникот оцени дека семејното планирање и контрацепцијата не им одговараат на муслиманските семејства и со тоа предизвика огорчени реакции на феминистичките активистки.