Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХрватска: Карамарко поднесе оставка од претседателството на ХДЗ

Хрватска: Карамарко поднесе оставка од претседателството на ХДЗ

Томислав Карамарко, претседател на Хрватска демократска заедница (ХДЗ), денеска поднесе оставка од функцијата претседател на партијата.

Оставката на Карамарко на лидерската позиција уследи откако тој претходно се повлече и од местото прв потпреседател на хрватската влада бидејќи не успеа да обезбеди ново парламентарно мнозинство, откако ХДЗ заедно со опозицијата ја урна коалициската влада на Тихомир Орешковиќ.

– Поднесувам оставка на местото претседател на ХДЗ. ИЍветив на партијата дека ќе успеам да обезбедам парламентарно мнозинство и не успеав во тоа. Затоа преземам одговорност. Сметам дека ова ќе ѝ даде нов политички импулс на партијата – изјави Карамарко на прес-конференција во Загреб.

Тој им се заблагодари на сите членови на партијата, како и на сите кои му дале поддршка.

– Беше убаво да се биде претседател на ХДЗ, ние во овие четири години добивме достоинство и сè уште сме најсилна партија – додаде Карамарко.

Извор: МИА