Friday, May 3, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГвардиола: Освојување на Лигата на шампионите за збогување со стил

Гвардиола: Освојување на Лигата на шампионите за збогување со стил

Тренерот на Баерн Минхен Пеп Гвардиола и одговори на критичарите и порача дека ќе направи се за да се збогува од Баерн Минхен на вистински начин- со титулата од Лигата на шампионите. Баерн во четвртфиналната рунда ја елиминираше Бенфика со конечен резултат од 3:2, откако дома победи со 1:0, а во Лисабон се одигра нерешено 2:2.

„Задоволни сме со пласманот во полуфиналето бидејќи Лигата на шампионите е многу тешко натпреварување. Ја исполнивме целта и сега сакаме да се најдеме во финалето. Според она што можам да го прочитам во германските медиуми, доколку не ја освојам Лигата на шампионите мојата работа во Баерн нема да биде комплетирана. Секако дека мојата цел е титулата во тоа натпреварување“, изјави Гвардиола.

Шпанскиот тренер после завршувањето на оваа сезона ќе го превземе Манчестер Сити, а ова беше официјализирано уште во феверуари. Гвардиола во својата тренерска кариера два пати ја има освоено Лигата на шампионите, а за „хет-трик“ ќе се бори со Реал и Атлетико Мадрид, како и со идниот клуб.