Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЃулен стравува од екстрадиција, ги моли САД да не го слушаат Ердоган

Ѓулен стравува од екстрадиција, ги моли САД да не го слушаат Ердоган

Фетулах Ѓулен, некогашниот сојузник, а сега главен непријател на Ердоган стравува дека САД може да го прифати барањето за екстрадиција во Турција по обвинувањата дека тој стои зад организирање на неодамнешниот воен пуч и дека токму неговата мрежа на следбеници се обидела да ја сруши власта.

– Ја повикувам американската Влада да го отрфрли секој напор да се злоупотреби процесот за екстрадиција со цел да се изврши политичка одмазда, рече Ѓулен во изјава, објавена од организацијата, поврзана со него и наречена Обединување за заеднички вредности. Тврдењата дека сум поврзан со тој ужасен обид за преврат се нездрави, неодговорни и нереални, додаде Ѓулен.

Претседателот на САД Барак Обама вчера телфонски разговараше со Ердоган и му предложи американска помош во истрагата на обидот за преврат од минатата недела, но го повика и кон воздржаност во гонењето против одговорните за пучот. Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест изјави дека двајцата лидери разговарале и за статусот на Ѓулен, а турската Влада веќе испратила материјали во електронска форма во врска со тврдењето за вмешаноста на Ѓулен во превратот, кои американските власти во моментот ги проучуваат.

САД имаат голема потреба од помошта на Ердоган како главен сојузник на Блискиот исток и неопходно им е користење на воената база Инџирлик за лансирање на воздушните напади против Исламска држава, па токму овој непосакуван развој на настаните во Турција може да ги притисне да покажат дека навистина се на страната на турската држава. Барањето за екстрадиција се уште не е официјално доставено, па што пристигне ќе одлучуваат американските власти.