Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДаштевски сведочеше во судот во Солун

Даштевски сведочеше во судот во Солун

о Солун денеска продолжи судењето за екстрадицијата на Горан Грујевски и Никола Бошкоски на кое што како експерт сведочеше и Александар Даштевски, тогашен претседател на Комисијата за заштита од дискриминација.

Даштевски пред судот во Солун ја претставил улогата на Специјалното јавно обвинителство во случајот со двајцата поранешни разузунвачи кои во Солун беа приведени со фалсификувани бугарски патни исправи.

Одлуката на судот се очекува попладнево. Одбраната очекува да биде одбиено барањето за екстрадиција, а според грчките закони одлуката се објавува веднаш или најдоцна во рок од 24 часа.

Грујевски и Бошкоски се обвинети од СЈО за предметот „Таргет- Тврдина“, а беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18-ти октомври во обид со лажни пасоши да заминат за Будимпешта.