Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрупи на мигранти се упатуваат кон Албанија

Групи на мигранти се упатуваат кон Албанија

Откако се засилија безбедносните мерки на границата меѓу Македонија и Грција мигрантите се принудени да бараат алтернативен пат за посакуваните европски дестинации, па затоа во поголеми групи се упатуваат кон Албанија. На граничниот премин Три мостови влез чекаат околу 160 мигранти од Сирија кои се упатиле од пристаништето во Пиреја. Албанија го засили присуството на безбедносните сили на границата во случај да дојде до целосно прелевање на бегалската криза.