Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски повеќе не е премиер, СДСМ не оди на избори без порчистен список

Груевски повеќе не е премиер, СДСМ не оди на избори без порчистен список

Избори на 24-ти април. Собранието вечерва ја констатираше оставката на премиерот Никола Груевски и заклучи дека од денеска престанува мандатот на целиот владин кабинет, а Владата останува во сила додека не биде избран нов владин состав. Ова значи дека Парламентот би се распуштил на 24-ти февруари.

Досегашниот премиер не го искористи своето право да ја образложи оставката. Горан Сугаревски од СДСМ го повтори ставот на опозицијата дека нема да учествува на избори без прочистен избирачки список и без регулирани медиуми. По завршувањето на неговото обраќање пратеничката група на СДСМ ја напушти седницата.

Претходно денеска, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и ДУИ до претседателот на Собранието доставија Предлог-одлука за распуштање на Собранието на РМ.