Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски одби да се сретне со Нимиц

Груевски одби да се сретне со Нимиц

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска одбил да се сретне со специјалниот пратеник на ОН за спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц.

Засега нема официјално објаснување зошто Груевски одбил средба, но се шпекулира дека тоа е дел од новата тактика на опозициската партија да не биде конструктивна.

Груевски за време на посетата на еврокомесарот проширување и добрососедска политика Јоханес Хан изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не биде конструктивен и ќе ги поддржува сите владини дејствија кои се во интерес на граѓаните на Македонија. Сепак, Груевски минатата недела, откако Специјалното јавно обвинителство покрена 17 обвиненија за 94 лица, од кои повеќето високи функционери на опозициската партија соопшти дека повеќе нема да бидат конструктивни.

Нимиц, покрај средбата со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, имаше средба и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Покана за средба со Груевски е дела од напорите на новата влада да обезбеди консензус за решението за спорот со името со Грција, како од албанскиот блок така и од опозицијата.