Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруби за блокадата на ВМРО-ДПМНЕ: И ДУИ, но и СДСМ претходно го блокираа Парламентот

Груби за блокадата на ВМРО-ДПМНЕ: И ДУИ, но и СДСМ претходно го блокираа Парламентот

Пратеникот Артан Груби не го осудува однесувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и нивната блокада на Парламентот, бидејќи, како што вели тоа претходно го правеле и ДУИ, но и СДСМ.

Во однос на пораките на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и на високите претставници од Брисел, Груби во емисијата „200“на телевизија „АлсатМ“, Групи го повтори својот став дека кризата во Собранието може да трае подолго од очекуваното, па дури и до четири години.

„Имавме многу пораки од Брисел упатени особено до Иванов и до ВМРО-ДПМНЕ за да се деблокира ситуацијата, за да не се држат во заложништво граѓаните, но и економскиот развој и мирот во земјата. Но, тие се оглушуваат на апелите, бидејќи ситуацијата која е во Собрание изгледа ќе трае долго и не само 2-3 недели како што мислевме на почетокот, туку според однесувањето на пратениците на ВМРО ДПМНЕ, ова може да трае и неколку години. Ова пракса ја користеа и СДСМ и ДУИ. Ви текнува кога г.Талат Џафери го блокираше законот за “бранителите“ со недели?” – изјави Артан Груби.