Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруби ја одложи комисиската седница за законот за јазиците

Груби ја одложи комисиската седница за законот за јазиците

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, ја одложи денешната комисиска седница на која во второ читање требаше да се расправа за предлог-законот за употреба на јазиците, соопштија од Комисијата, додавајќи дека датумот кога ќе биде одржана ќе биде дополнително соопштен.

Причината за одложувањето на комисијата, како што соопшти груби е за да не се дефокусира јавноста од итните прашања.

– Проценив дека неделава е многу значајна за други реформски прашања и дадов предност на тоа за да не овозможам дефокусирање на јавноста од тоа што во моментов е најзначајно и итно – вели Груби.

Тој истакнува вели дека одложувањето не е поврзано со вчерашната изјава на еврокомесарот Јоханес Хан дека владата треба да се фокусира на приоритетите реформи за кои ќе биде оценувана и дека законот за јазиците не е во Договорот од Пржино, ниту пак е нешто кое Брисел го бара.

Пратениците минатата недела со 66 гласа „за“ и 41 „против“, дадоа виза предлог-законот за употреба на јазиците да оди на второ читање, а за него досега се поднесени 90 амандмани, од кои 84 од ВМРО-ДПМНЕ, четири од СДСМ и два од Беса. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска, еден ден по изјавата на Хан побара да се тргне европското знаменце од законот.