Saturday, May 11, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруби до Кукан: Oчекуваме поддршка за реализација на барањата на Брисел

Груби до Кукан: Oчекуваме поддршка за реализација на барањата на Брисел

Претседателот на Комисијата за европски прашања и пратеник од ДУИ, Артан Груби, денеска во Брисел се сретнал и со европратеникот Едвард Кукан. Двајцата соговорници зборувале за актуелните случувања во земјата, владината коалиција, реформите и за интеграциските процеси.

„За да се олесни интегративниот процес, ние како парламентарно мнозинство, целосно сме посветени на тоа за да ги реализираме сите очекувања од Брисел и очекуваме иста посветеност од нашите пријатели во Брисел“, изјавил Груби.

Кукан ветил поддршка во напредокот на интегративните процеси во Европската Унија и добивање на датум за почеток на преговорите.

Груби денеска се сретна и со европратеникот Кнут Фленкештајн.