Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрција: Писмо со заканувачки навреди и куршум како „подарок“ за заменик-министерот за финансии

Грција: Писмо со заканувачки навреди и куршум како „подарок“ за заменик-министерот за финансии

Трифон Алексијадис, грчкиот заменик-министер за финансии, во текот на вчерашниот ден добил писмо со ексцентрична содржина. Во него, испраќачите го споредиле Алексијадис со соработник на германските сили, кои ја окупираа Грција во Втората светска војна. Освен ваквата содржина, ковертот содржел и куршум, соопштува грчкото Министерство за финансии.

Упатени се закани дека тој и неговото семејство ќе разберат што е страв. Писмото е потпишано со црвена ѕвезда од непозната група, чие име во слободен превод значи „Црвена фракција“. Алексијадис за испраќачите на ковертот изјавил дека се „фашистички психопати“ и дека ваквите закани му даваат повеќе храброст да се бори против избегнувањето даноци и против корупцијата.