Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрција го поттикна нападот на мигрантите, а сега испраќа протестна нота до Македонија

Грција го поттикна нападот на мигрантите, а сега испраќа протестна нота до Македонија

Грција испрати протестна нота до Македонија осудувајќи ги насилните инциденти со бегалците на границата, пренесе Мета. Според соопштението од грчкото Министерство за надворешни работи, грчкиот амбасадор во Македонија, Теохарис Лалакос до македонските власти упатил два демарша поради ситуацијата на Идомени.

Лалакос потенцирал дека употребата на насилство не помага да се реши проблемот со бегалците и оди против меѓународното и хуманитарното право.

„Амбасадорот Лалакос јасно и на најкатегоричен начин потенцираше дека употребата на насилство на ниеден начин не помага за решавање на бегалскиот проблем и е целосно се коси со релевантните одредби на меѓународното и хуманитарното право. Тој ги повика властите на соседната држава да одговорат соодветно на условите на ситуацијата и да покажат соодветна одговорност, воздржаност и трезвеност“, се вели во соопштението од грчкото МНР.

Партијата на грчките социјалисти ПАСОК побара од премиерот Алексис Ципрас да си даде оставка бидејќи владата одново покажала дека е отсутна и не е способна да ги заштити ниту грчките граѓани, ниту бегалците.