Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГраничен камен 59 – состојбата тензична мигрантите не се откажуваат од намерата да ја пробијат оградата

Граничен камен 59 – состојбата тензична мигрантите не се откажуваат од намерата да ја пробијат оградата

Тензичната состојба која започна ова утро на мекедонско-грчата граница, со обид мигрантите нелегално и на сила да влезат на територијата на Македонија продолжува и понатаму. Состојбата есклаираше кога стампедо мигранти по пат на сила се обидуваат да ја пронијат оградата. Веќе неколку часа македонската полиција се обидува да ги спречи мигрантите да велзат на територијата на Македонија. Мигрантите фрлаат камења, тврди предмети кон полицијата и армијата провоцираат и се обидуваат физички да се пресметат со нашите безбедносни сили . Довикуваат пцовки и не се откажуваат од својата намера да ја пробијат оградата. Веќе имаме повредени полицајци, огромни оштетувања на мрежата и огромен број на мигранти кои дејствуваат насилно, покажувајки досега невидена агресија на македонско грчката граница. Околу 12 часот група мигранти ја скина мрежата на 3 места, на околу 300 метри од портата на к59 и успеаа да влезат на македонска територија. Веднаш беа пресретнати од полицијата. Според извори на Алфа дознаваме дека утрово од селото Идомени биле украдени трактори од страна на мигрантите со кои допрва ќе се обидат да пробијат на македонска територија.

Веќе два часа состојбата е тензична , мигрантите веат грчки знамиња и извикуваат fuck you Macedonia! Бројот на безбедносните сили на македонска територија и на граничниот појас се зголемува.
Во обид за смирување на хаотичната состојба која очигледно не престанува и се очекува да се интензивира македонската полиција испукува шок бомби, солзавец а се користи и воден топ за разбивање на насилните групи.