Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГранатите испукани кон Владата и Соравиа се идентични

Гранатите испукани кон Владата и Соравиа се идентични

Гранатите со кои било пукано врз зградата на Владата во април годинава и оние користени за напад кон станбениот комплекс „Соравиа“ на Водно, се идентични. Станува збор за гранати од 40 милиметри – објави Телеграф.мк.
soraviaОд МВР истакнуваат дека сè уште се работи на откривање на идентитетот на сторителот, како и за мотивите за извршениот напад. Во врска со нападот врз „Соравиа“, косовски медиуми пред два дена објавија коминике, во кое се вели дека, наводно, ОНА стои зад тој вооружен инцидент. Коминикето е потпишано од извесен командант Куштрими.

„Со одлука на главниот штаб на ОНА на 28.9.2015 во 17.45 успешно е извршена акција на специјалната единица на ОНА во гнездото на злоделата над албанското население во МВР и околината, испукани се 12 гранати како продолжение на нападот од 27.9.2015 над инспекторот Ариф Асани, издјаник на албанскиот народ“, стои во коминикето.
kominikeВо истото обраќање се бара, „ослободување на затворениците на ОНА кои се уапсени со политички монтирани процеси од 2003 сè до последниот трагичен настан во населбата на јунаците (Дивa населба) во Куманово“. Во коминикето, исто така, има закани дека и понатаму ќе продолжат со нови напади.

Од МВР велат дека се запознаени со содржината на тој документ и дека сериозно се третираат заканите кои стојат во текстот. Како што велат полициските извори за Телеграф.мк, остварен е контакт со косовските власти во врска со коминикето, при што им се доставени оперативни сознанија за лицето што стои зад коминикето.