Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГотово е, Милан доби нов лидер во одбраната

Готово е, Милан доби нов лидер во одбраната

Италијанските медиуми пренесуваат дека се е завршено. Фудбалскиот клуб Милан го договорил трансферот на Матео Мукасио од Виљареал. Со доаѓањето на кинеските инвеститори во клубот, Милан на располагање има огромна количина на пари за да изгради нов тим, а аргентинскиот фудбалер бил голема желба на новиот тренер Виченцо Монтела.

Милан првобитно понуди 20 милиони евра за услугите на овој дефанзивец, Виљареал бараше 30, но клубовите пронашле златна средина, па неговиот трансфер ќе изнесува 25 милиони евра. Да се потсетиме, Милан беше заинтересиран за многу фудбалери, а најчесто споменувани беа Мирко Пјаца, кој наскоро би можел да му се приклучи на клубот, како и Матео Ковачиќ од Реал Мадрид.