Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГолем напор за оспорување на „трудот“ на министерката Ременски

Голем напор за оспорување на „трудот“ на министерката Ременски

Проблемите и сопките во Министерството за труд и социјална политика продолжуваат со меѓусебно обвинување за ангажирање на партиски кадри во администрацијата, како и за незаконско постапување на советничката која ја постави Ременски, по што била повикан Држаниот управен инспекторат.

Мила Царовска е обвинета од Диме Спасов дека незаконски постапувала по управни постапки на граѓаните за нивните поднесоци до министерството. Од кабинетот на Ременски, пак објаснија дека согласно новиот закон Царовска е уредно избрана за еден од трите административни советници на Ременски.

frosina-remenski

„Координацијата на секторите во делот на нивната обврска да одговараат на конкретни прашања на граѓани упатени по електронски пат до Министерството го прави одговорно лица од Кабинетот на министерот со цел навремено и компетентно известување“, стои во соопштението од МТСП.

Затоа и Царовска има право да учествува во коренспонденцијата со граѓаните и да дава одговори на нивните барања бидејќи тоа не е дел од управните дејства за што веќе има соодветно лице Наташа Методиева која долг период е назначена во министерството.