Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГладијаторот Расел Кроу се радуваше за Јувентус

Гладијаторот Расел Кроу се радуваше за Јувентус

Актерот Расел Кроу кој се проби со улогата на гладијаторот Максимус беше една од најпознатите личности во ложата каде е сместена управата и легендите на италијанскиот клуб Јувентус.

За негова среќа тимот за кој навиваше ја освои и титулата во италијанскиот Куп со тоа што Мората во 110-та минута во продолженијата погоди за победа на Јувентус над ривалот Милан. Кроу беше во друштвото на неговиот близок пријател Алесандро Дел Пјеро.