Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАСветГерманија со нови услови за бегалците

Германија со нови услови за бегалците

Договорот ЕУ-Турција предвидува примање 13.500 нови бегалци од страна на Германија во наредниве две години и дополнителни 1.600 сириски бегалци кои сега се сместени во Турција, јави дописникот на МИА од Берлин.

Министерството за внатрешни работи во Германија најави дека бегалците ќе бидат примени во државата само ако исполнуваат одредени услови. Портпаролот на Министерството Харалд Најман за интернет порталот „Рудав“ изјавил дека мигрантите кои ќе добијат дозвола за влез треба да се едуцирани, да имаат познавање од странски јазици и да имаат роднина или друг „спонзор“, кој поседува германски пасош.

Новите керитериуми нема да важат да децата и постраите мигранти, но возрасните кои имаат високо обраование или се стручни во одредени области мора да ги исполнат овие критериуми.

Согласно наведените нови правила, кои не се дел од извештаите на германските медиуми, во Германија ќе можат да дојдат само луѓе од воени зони или други ризични подрачја каде што има опасност по безбедноста на луѓето. Како опасни зони не се сметаат балканските држави, кои се прогласени за безбедни земји.

Договорот ЕУ-Турција исто така предвидува и враќање на секој илегален мигрант кој ќе влезе во Грција по 20ти март во Турција, а од таму во матичната земја,освен ако таму нема борбени дејствија или безбедносни закани за повратниците.