Saturday, Apr 27, 2024
HomeUncategorizedГерманија ќе депортира илјадници мигранти од Западен Балкан

Германија ќе депортира илјадници мигранти од Западен Балкан

Откако се воведе системот на визна либерализација и се олеснија можностите за патување во Европа се зголеми и број на т.н. лажни баратели на азил кои најмногу најдоа прибежиште во Германија. Сега германските власти ќе извршат враќање на илјадници мигранти назад во земјите од Западен Балкан, но без најави за санкции за земјите како Македонија од каде потекнуваат истите.

azilanti germanija

Очекувам дека во наредните недели бројот на одбиени баратели на азил, како и тие што доброволно или принудно ќе бидат депортирани ќе се зголемува, изјави министерот за надворешни работи Томас де Мезер.

Германија ќе ја засили и контролата на граничните премини со Австрија од каде доаѓа напливот на бегалци од Азија и Африка каде се водат воени конфликти и тоа е една од причините поради која балканските земји каде нема војни и страдање не се квалификуваат како небезбедни, па илјадници мигранти ќе мора да се вратат назад.

Според статистиката на Федералната канцеларија за мигранти и бегалци 66 илјади се Албанци, а 32 илјади се Косовари.