Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАСветГерила акција против Трамп со ѕид и бодликава жица

Герила акција против Трамп со ѕид и бодликава жица

Уметникот, познат под псевдонимот Plastic Jesus, постави импровизиран ѕид со бодликава жица околу ѕвездата на Доналд Трамп на Холивудската патека на славните. Оваа герила акција, доаѓа по говорите на Трамп дека би изградил ѕид на границата со Мексико, за да го спречи напливот на имигранти.

tramp zvzda zid

Уметникот на Твитер напиша: „Изградив и платив за ѕидот сам, без мексикански пари“. Минијатурниот ѕид, според некои минувачи, е поставен во вторникот, а на него пишува „Престанете да ги правете глупавите луѓе познати“.