Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПсихијатри од Јеил: Трамп има опасна ментална болест и не е способен да биде на чело на САД

Психијатри од Јеил: Трамп има опасна ментална болест и не е способен да биде на чело на САД

Доналд Трамп има опасна ментална болест и не е способен да биде на чело на САД – ова го соопштија 35 психијатри од Универзитетот Јеил на конференција за новинари. Тие се членови на американското здружение „Должност да се предупреди“ која го има правото, доколку имаат информации за опасни делувања на своите пациенти, да ја предупредат јавноста и не мораат да ги држат во тајност.

Претседателот Доналд Трамп, според нив, освен што е нарцисоиден, е параноичен и поводлив да верува во заблуди и велат дека нивната етичка одговорност е да ја предупредат американската јавност за опасноста која за земјата ја преставува од психичката состојба на претседателот, пишува Индипендент. За поставената дијагноза на Трамп е неговата изјава дека имал најголема публика во историјата, за време на инаугурацијата, откако сите факти зборуваат спротивно. Психијатрите велат дека менталното здравје на Трамп е „слон во стаклена соба“. Доктор Џејмс Гилиган вели дека работел со најопасните луѓе во општеството, како силувачи и убијци и уверен е дека Трамп е опасен. „Можам од далеку да препознаам опасен ум“, тврди Гилиган предупредувајќи за Трамп.