Friday, Apr 26, 2024
HomeГИГА БАЈТГејмингГејмер од Свети Николе во финалето од Интернационалниот турнир во Дота 2

Гејмер од Свети Николе во финалето од Интернационалниот турнир во Дота 2

Мартин Саздов, македонскиот гејмер попознат како Saksa се пласираше во најдобрите три на Интернационалниот турнир за Дота заедно со својот тим Digital Chaos. Овој грандиозен настан се одржува во Сиетл, САД а Саздов и неговата екипа ќе се борат во големото финале против минатогодишниот победник на турнирот, тимот Evil Geniuses.

Главниот награден фонд изнесува 9 милиони долари, а младиот гејмер од Свети Николе и својот тим веќе имаат загарантирана сума од околу 2 милиони долари. Интернационалниот Dota 2 турнир и понатаму останува еден од најголемите е-спорт турнири во светот кој го следат десетици милиони гледачи.