Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГардијан го протолкува Груевски за промена на името

Гардијан го протолкува Груевски за промена на името

Еден од најугледните британски медиуми Гардијан го протолкува премиерот Никола Груевски дека Македонија е подговотвена да го промени името за да го реши деценискиот спор со Грција, а изјавата која ја пренесува е: Ние сме подготвени да дискутираме, да го отвориме дијалогот со нив и да најдеме некое решение.

gardijan gruevski

Гардијан исто така пренесува кратка историја на спорот со Грција и проценува дека Македонија за прв пат е подготвена за компроми продолжувајќи со ја изјавата на Груевски дека секое постигнато решение ќе биде ставено на референдум за одобрување. Гардијан ја нагласува и претстојната посета на првиот дипломат Никола Поповски кој ќе му биде гостин на грчкиот колега Коѕијас во Атина како добра можност за доближување на двете страни во спорот.

Ваквото толкување не е случајно, можеби навистина се подготвува терен за пронаоѓање на решение кое ќе биде прифатливо за двете страни, но пред самите парламентарни избори во април нема големи шанси Никола Груевски да прифати „промена на името“.

Извор: theguardian.com